Во рамките на проектот „поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби“, се изработија методологии за проценка на ризик.
Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо во соработка со Инспекцискиот совет, во рамки на проектот „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби“ поддржан од Европската банка за обнова и развој ЕБРД, како дел од своите активности изработија 15 Методологии за проценка на ризик за 13 инспекторати и 2 инспекциски служби, како обврска произлезена од новиот Закон за инспекциски надзор.
Целта на овие методологии е проценување на ризикот врз основа на идентификување на ризиците, како и проценка на тежината на штетните последици и веројатноста за нивно случување. Проценката на ризик се прави во текот на подготвувањето на годишниот план за работа на инспекциската служба.
Методологиите за проценка на ризик се донесени од страна раководните лица на инспекциските служби, по претходно добивање на позитивно мислење од Инспекцискиот совет, и истите се објавени на веб страницата на Инспекцискиот совет.