Воспоставена е деловна соработка помеѓу Инспекциски совет и Централен Регистар
На работниот состанок, одржан на ден 30.03.2021 година во Централен регистар, од страна на Претседателката на Инспекциски совет Магдалена Филиповска – Грашкоска и Директорката на Централен регистар Марија Бошковска – Јанковски, беше потпишан Договор со кој се воспоставува деловна соработка – користење на податоци во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, за потребите на информацискиот систем на инспекциски надзор Е-инспектор. Целта е дигитализација и автоматизација на инспекциската постапка и работењето на инспекциските служби.
Со оваа соработка им се овозможува на инспекциските служби како посредни корисници на податоци, пристап до точни и ажурни информации за ефикасно спроведување на инспекцискиот надзор во рамки на нивните законски надлежности.