Филиповска – Грашкоска: Да прославуваме одговорно!


На прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, одржана на 30.12.2020 година, претседателката Магдалена Филиповска-Грашкоска  апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, да празнуваме одговорно во кругот на семејството, да се воздржат од прослави и да нема групирања.
Надлежните инспекциски служби и во текот на новогодишните празници ќе спроведуваат интензивни контолри на терен, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните.
Во изминатите седум дена, инспекциските служби во соработка со Министерството за внатрешни работи спроведоа голем број на координирани акции кај различни субјекти, при што е констатирано дека, иако најголемиот дел од стопанствениците ги почитуваат доследно Ковид протоколите, сепак за жал се уште се јавуваат случаи во кои Ковид протоколите не се почитуваат, односно луѓето се групираат и преставуваат закана за ширењето на корона вирусот.

Во периодот од 21-ви до 27-ми декември  Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 5.200 надзори и контроли.

Поединечно, Државниот здравствен и санитарен инспекторат во периодот од 20-ти до 27-ми декември изврши 112 надзори и издаде 8 решенија.  Во истиот период издадени се и 6576 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, што е за ¼ помалку од претходната недела кога се издадоа 9065 решенија за изолација.

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.864 контроли и 462 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали;Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.
При спроведените надзори, изречени се 32 прекршочни пријави и 62 решенија за констатираните неправилности, како и 43 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 13 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за 7 угостителски објекти во Скопје и по 2 угостителски објекти во Гостивар, Тетово и Струга, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за 4 лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.
Спредбено со периодот од 14 до 20 декември , бројот на затворени угостителски објекти е зголемен за 50 %.
За време на новогодишната ноќ, но и за празниците што следат, Државниот пазарен инспекторат во соработка со МВР,ќе продолжат со зајакнатите заедничките контроли во угостителските објекти. Ќе се постапува и по пријава или по сознание добиено за собири и доколку се утврди дека навистина се случува организиран настан, ќе се преземат соодветни мерки согласно законите.

Во истиот период, Инспекторат за транспорт изврши 49 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 6-прекршочни пријави, 2 решенија и 2 прекршочни платни налози. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања , односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 361 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места.  Изречени се 9 решенија и 11 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 2 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни билести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за што и се издадени 9 ППН за 9 лица заради неносење на заштитна маска на работно место.
Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД  спроведе 21 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона. При тоа, издадени се 2 решение согласно Законот за лекови и медицински помагала.

Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 290 надзори, при што издадени се 8 решенија, 10 едукации и 2 ППН, по основ на нерегистриран оператор,непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи, неправилно складирање, чување и означување на производи .

Државниот инспекторат за животна средина , во текот на минатата недела изврши вкупно 41 надзори. При тоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донесоа 3 решенија со задолжувања за подобрување на работата на правните субјекти.

Голема благодарност упатуваме до сите граѓани и стопанственици кои веќе долг временски период ги почитуваат протоколите и мерки за заштита од корона вирусот. За жал , се уште има наши сограѓани кои оваа ситуација не ја сфаќаат сериозно и преку себични постапки го загрозуваат здравјето на луѓето околу нив. Затоа Ве известуваме дека инспекторите ќе продолжат исто како и до сега со чести контроли и неселктивно ќе ги санкционираат оние кои го загрозуваат јавното здравје,  и ги замолуваме совесните граѓани да пријавуваат непочитувања на Ковид протоколите во наредните денови.

Би сакале да Ви посакаме среќна и успешна 2021 година, исполнета со здравје, љубов,спокој и  надеж дека оваа здравствена и општествена криза предизвикана од Корона вирусот набрзо ќе заврши и сите ќе можеме да се вратиме на нашите нормални секојдневни активности.

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk