УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАНИ РАБОТИЛНИЦИ


Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија во соработка со Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН и  Институтот за комуникациски студии, започна процес на изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на извештајот за работата на инспекциската служба за претходните шест месеци и годишниот извештај за работа на инспекциските служби.

 Предлогот за изменување и дополнување на Правилникот е резултат на работата на Работната група составена од претставници на органите на Државните инспекторати кои имаат надлежности од областа на животната средина и претставници на граѓанските организации и има намера обезбеди напредна методолошка рамка за квалитет и да го подобри известувањето на инспекциските служби  во согласност со меѓународните стандарди за транспарентност и отчетност.

 Во насока на обезбедување на инклузивност  и консезуалност во усвојувањето на предложените измени на Правилникот, во просториите на Инспекцискиот совет  во периодот од 10.03.2022 – 11.03.2022 се организираа две тематски работилници  примарно насочени кон административниот персонал на инспекциските служби и инспекторатите одговорни за подготовка на  полугодишните извештаи.

Фасилитатори  на работилниците кои ги презентираа предлог измените на Правилникот беа м-р Методија Димовски, член на Инспекцискиот совет од областа на животната средина и заштита на здравјето на луѓето и г-гин Кирил Ристовски од ЦЕД ФЛОРОЗОН.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk