Потпишан договор меѓу Инспекцискиот Совет и Министерството за информатичко општество и администрација


На 23.06.2022 година во просториите на Инспекцискиот совет, в.д. претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска и министерот за информатичко општество и администрација, Admirim Aliti, потпишаа Договор за давање на трајно користење на движна ствар без надомест, врз основа на Одлуката за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Инспекциски совет бр. 41-3864/1 од 03.05.2022 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија.
Предмет на овој договор е уредување на правата и обврските за начинот на користење, чување и одржување на софтверската програма за автоматизација на инспекциската постапка и инспекциското работење (Е-инспектор) чија вредност изнесува 7.969.818 денари..

Платфортмата Е- инспектор започна како Пилот проект во кој беа вклучени три инспекторати (Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Државен управен инспекторат), во рамки на Проектот за модернизација на инспекциските служби, финансиран од УСАИД, а имплементиран од Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Инспекцискиот Совет.
Во моментов Е-инспектор се изработува со поддршка на ЕБОР и проектот ќе трае 18 месеци, односно истиот започна во февруари 2022 година и ќе трае се до август 2023 година под капата на Инспекцискиот совет. Во проектот се опфатени 13 инспекциски служби (Државен инспекторат за земјоделство, Државен просветен инспекторат, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Државен инспекторат за шумарство и ловство, Агенција за храна и ветеринарство, Државен инспекторат за транспорт, Државен инспекторат за животна средина, Државен инспекторат за техничка инспекција, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Државен комунален инспекторат, Инспекторат за употреба на јазиците, Државен инспекторат за локална самоуправа и Државен девизен инспекторат), за кои треба да се изработат 13 нови модули за вклучување на Е-инспектор.
Идејата на платформата Е-инспектор е поврзување на сите 28 инспекциски служби кои се во надлежност на Инспекцискиот совет, до крајот на 2024 година.

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk