Генерички обуки


Календар на обуки


Почитувани инспектори, со цел најдобро да го испланирате своето време, во овој дел од веб страницата можете да го погледнете распоредот за одржување на Генеричките обуки, согласно динамиката предвидена во Годишната програма за генерички обуки за соодветната календарска година. Тука, на прегледен начин е прикажан временскиот распоред за реализирање на содржината на Програмата, времетраењето на темите, начинот на нивна реализација и сл.

Годишна програма


Во согласност со член 49 од Законот за инспекциски надзор, вие почитувани инспектори, имате право и должност континуирано професионално и стручно да се усовршувате и обучувате, во согласност со потребите на инспекциската служба во која сте вработени. Тоа се обезбедува преку генерички и специјализирани обуки, за кои програмите ги донесуваат Советот односно градоначалникот. Главната цел на Годишната програма за генерички обуки на инспекторите, е надградување на основните компетенции и вештини на инспекторите, со што ќе се овозможи постигнување на високи перформансии помош во нивниот професионаленразвој. Подолу можете да ја погледнете Генеричката програма за тековната, но и претходните години, со цел навреме да изберете најмалку три теми кои ќе ги вклучите во вашиот индивидуален план за стручно усовршување и обука, како што е пропишано со став (2) од членот 50 од Законот.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk