Влатко Серафимов




Тел.: 070265711
Е-маил: v.serafimov@is.gov.mk

Член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето

Роден е на 16.05.1963 година во Кочани, каде го завршил основното и средното образование. Дипломирал на технолошко металуршкиот факултет во Скопје, каде се стекнува со звање Дипломиран инженер технолог од базно органско и полимерно инженерство.
За член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето е именуван на 21.06.2022 година.
Покрај мајчиниот македонски јазик, активно го користи англискиот јазик како и јазиците од поранешните југословенски републики.
Има одлично познавање на најчесто користените компјутерски програми.
Работно искуство:
2008 -2022 – работа во повеќе здруженија на граѓани
2006 -2008 – Пратеник во Собранието на Република Македонија
2002 – 2006 – Директор на Државниот инспекторат за животна средина
1994 – 2000 – Републички пазарен инспектор
Учествувал на бројни домашни и меѓународни семинари, конференции и обуки од областа на животната средина, каде се стекнува со бројни дипломи и признанија.




Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk