Oдржан промотивен настан посветен на развојот на информатичкиот систем за инспекциски надзор, Е- Инспектор


Денеска, 12.12.2022 година во организација на Инспекцискиот совет, Европската банка за обнова и развој и избраната ИТ компанија ИТгма, се одржа Промотивен настан посветен на развојот на информатичкиот систем за инспекциски надзор, Е- Инспектор. Развојот на Електронски систем за дигитализација и автоматизација на инспекциската постапка и надзор Е-инспектор, претставува ефикасен контролен механизам за намалување на субјективното влијание на инспекторите при вршењето на инспекциските надзори. Развојот на системот Е-Инспектор е највисоко на владината агенда и е една од основните стратешки цели на Инспекцискиот совет, како алатка во борбата против корупцијата и дигитализацијата на општеството. Придобивките од овој систем се далеку поголеми за субјектите на надзор, отколку за самите инспектори и инспекциски служби, бидејќи ќе го намали субјективното влијание на инспекторот, а со тоа и можноста за коруптивно однесување. Преку интегрирање на листите за проверка и електронската распределба на надзорите, инспекцискиот надзор ќе биде многу пообјективен, унифициран и без можност за манипулација, со што ќе се зголеми правната сигурност и довербата на граѓаните во севкупниот инспекциски систем. На настанот активно учество земаа Заменик на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, г-ѓа Славица Грковска, Шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Република Северна Македонија, г-дин Енди Аранитаси, Претседателка на Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, г-ѓа Даниела Рендевска и г-ѓа Ендрита Џаферај, експерт за инвестициска клима и управување во Европската банка за обнова и развој, проектен менаџер. Г-дин Станојоски, од ИТма даде краток вовед за наодот од преземените активности и детали за изготвувањето и имплементацијата на GAP Анализата на Пилот фазата од развитокот на информатичкиот систем Е-инспектор. Потоа се осврна на понатамошните чекори за развивање на 13-те нови модули за новите 13 инспекциски служби.

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk