Донатор: ЕБРД
Почеток на проектот: Ноември 2019
Завршување на проектот: Ноември 2020
Стратегијата на Европската банка за обнова и развој за Република Северна Македонија (2019 – 2024) ја препозна потребата за поддршка на реформата на инспекцискиот систем во Република Северна Македонија воопшто, односно со донесувањето на новиот Закон за инспекциски надзор се започна со реформата на законодавната рамка за инспекцискиот надзор, на што следеше и донесувањето на подзаконските акти произлезени од законот. Отпочнувањето на примената на законот значеше воведување на промени во насока на реформата на инспекцискиот систем, кои имаа за цел зголемување на транспарентноста на инспекциските постапки, едукативна улога на инспекторите и инспекциската постапка; планирање на инспекцискиот надзор заснован врз проценка на ризикот; поголема соработка меѓу инспекторите и субјектите на надзор преку доставување на листи на проверки; обука и стручно усовршување на новите и постојните инспектори, зајакнување на улогата на Инспекцискиот совет, како и дефинирање надлежностите на Инспекцискиот совет и инспекциските служби.
Во таа насока, Проектот – Поддршка за подобрување на ефикасноста на инспекциските служби, поддржан од Европската банка за обнова и развој ќе придонесе кон реализација на следните активности:
- изработка на листи за проверка за соодветните области на надлежност на инспекциските служби, кои ќе се објават на веб страницата на службите;
- изработка на 15 Методологии за проценка на ризик за инспекторатите;
- изработка на 8 курикулуми – наставни програми за обука на инспекторите
- изработка на 600 испитни прашања со цел обновување на базата на испитни прашања на Инспекцискиот совет
- редизајнирање и надградба на веб страница на Инспекцискиот совет
- развивање платформа за е-учење, обука, полагање на испит за лиценцирање на инспекторите.
Активностите во проектот ќе придонесат кон соодветна примена на постојното ново законодавството, спроведување на воспоставените процедури, континуирана, унифицирана и доследна примена на инспекциската постапка од страна на сите инспекциски служби, планирање на инспекцискиот надзор, зајакнување на професионалниот капацитет на инспекторите, односно подобрени вештини и знаење, развиена платформа за е-учење и полагање на испити, како и функционална и транспарентна веб страница на Инспекцискиот совет.
Реализатори на проектот:
ИДЕАС ДеПо Центар за развојни политики
iVote Компанија за развој на апликативен софтвер
Проектен координатор:
Оља Петрушевска Томева
Телефон:078-350-800
Е-пошта:o.p.tomeva@is.gov.mk