Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата веб страница и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски надлежности. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
За нас
Контролор на личните податоци е Инспекцискиот совет (во натамошниот текст: Советот), со седиште на ул. Даме Груев, бр. 3, блок 2, локал 5, Скопје, Република Северна Македонија.
Советот е самостоен орган на државната управа, посветен на унапредување на инспекцискиот систем во државата.
Адресата на нашата веб страница е: https://is.gov.mk
Чии податоци ги собираме
- Посетители на нашата веб страница is.gov.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу), кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страница, како и за одржување на информациската сигурност на нашата веб страница. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.
- Подносители на претставки и предлози поврзани со инспекцискиот надзор и надлежностите на Советот. Овие претставки и предлози содржат информации за идентитетот на подносителот и лични податоци на други лица вклучени во претставката/предлогот, кои се потребни за постапување согласно нашите законски овластувања.
- Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации, од подносителите се бара да достават одредени податоци, согласно закон.
- Учесници на обуки, конференции и други настани. Во вакви ситуации, вообичаено се собираат лични податоци за цели на спроведување на обуките и другите настани организирани од Советот.
Кои категории на податоци ги собираме
Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страница, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата IP адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страницата која ве префрлила на нашата веб-страница и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете нашата страница;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Личните податоци кои ги собираме при Вашата посета на нашата веб-страница, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, со цел да ни овозможите да ги оствариме нашите овластувања при постапувањето по вашите претставки и предлози од областа на инспекцискиот надзор, вклучувајќи барања за спроведување на единечни или заеднички вонредни инспекциски надзори, претставки против работата на инспекторите и инспекциските служби и сл.
При тоа може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, адреса на е-пошта. Во нашите Годишни извештаи вообичаено се наведуваат статистички податоци за бројот на примените претставки и предлози, во форма која не открива нечиј идентитет.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи преку:
- Вашето користење на нашата веб страница, вклучувајќи ги и формите за поднесување на претставки и предлози;
- нашата адреса за е-пошта: contact@is.gov.mk
- адресите за е-пошта на службеното лице за посредување со информации од јавен карактер и офицерот за заштита на лични податоци
- пошта
Како ги користиме личните податоци
Активностите за обработка на личните податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страницата на Советот, се извршуваат од страна на вработените кои се одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страница, со трети лица, освен по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
Колку време ги чуваме собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Нашата страница е поставена на серверите на Македонски телеком, но активностите на веб страницата ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страница.
Кои се Вашите права врз личните податоци
Вашите права во однос на обработката на лични податоци вклучуваат право:
- да бидете информирани за обработката на личните податоци
- на пристап до личните податоци
- на исправка и бришење на личните податоци
- на ограничување на обработката на личните податоци
- на приговор
Ако сметате дека начинот на кој Советот ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите од Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, како надзорно тело, по кое се постапува во согласност со член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност на Советот редовно ќе се менува и дополнува, соодветно на промените во законодавството и нашите активности.