Даниела Рендевска
Е-пошта: d.rendevska@is.gov.mk
Тел: 076446914
Претседател на Инспекциски совет од 19.04.2022 година.
Родена е на 10.5.1977 година во Скопје.
Се стекнала со диплома дипломиран правник во 1999 година, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има положено и правосуден испит, во 2015 година.
Има повеќе од 18 години работно искуство како раководен државен службеник. Нејзината работна кариера како државен службеник ја започнува во 2000 година, во Министерството за животна средина и просторно планирање. Била задолжена да раководи со голем број на меѓународни проекти финансирани од ЕУ и Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), со што се стекнала со големо искуство во областа на спроведувањето и раководењето со проекти.
Како правник, најголем дел од нејзиното досегашно работно искуство го поминала во изработка на националното законодавство и неговото усогласување со правото на ЕУ и барањата од ратификуваните меѓународни договори.
Дополнително, во одредени периоди била назначена и за национално контакт лице за неколку меѓународни договори и била член на органи на меѓународни организации во областа на животната средина.
Исто така, била член на Комисија за денационализација и заменик член на Комисијата за посредување од областа на животната средина.
Течно зборува англиски јазик, како и јазиците од поранешна Југославија. Поседува и солидно познавање на рускиот јазик.
Поседува сертификати и дипломи од голем број меѓународни обуки од областа на меѓународното и европското законодавство од областа на животната средина.