Претставки и предлози

Поднесете онлајн претставка до Инспекцискиот совет

Во согласност со член 18, став (1), точка 19, од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/2019), Инспекцискиот совет: „постапува по претставки од физички или правни лица, поврзани со работата на инспекторите, инспекциските служби и/или субјектите на инспекциски надзор“. Во овој контекст, како претставка се смета и секој предлог односно иницијатива за вршење на инспекциски надзор.

Сакаме да Ви укажеме дека во согласност со член 2, став (2) од Законот за инспекциски надзор, Инспекцискиот совет има надлежност која се однесува на инспекциските служби од централната власт, но, не и на инспекциските служби од локалната власт. Затоа, доколку Вашата претставка е поврзана со работата на општинските инспектори и инспекциските служби организирани во рамките на единиците на локалната самоуправа, Ве молиме истата да ја доставите до соодветната општинска администрација.

Преку оваа веб услуга, Ви нудиме можност вашата претставка да ја поднесете онлајн. Ве молиме при одговарањето на поставените прашања да дадете точни и исцрпни одговори, со што ќе ни овозможите на најбрз и најефикасен начин да постапиме по вашата претставка.

Инспекцискиот совет обезбедува целосна доверливост на сите информации, а податоците кои ќе ги поднесете ќе бидат искористени исклучиво за потребите на постапувањето по вашата претставка и ниту за една друга цел.

Ве молиме изберете со чија работа е поврзана вашата претставка:
*
Ве молиме внесете ги следните податоци за документот поврзан со работата на инспекторот


Додади повеќе прилози
Ве молиме внесете ги следните податоци за субјектот на надзор:


Полињата со*
Ве молиме внесете ги следните податоци за документот поврзан со работата на инспекциската служба:
*
*
*


Додади повеќе прилози
Полињата со *
Ве молиме внесете ги следните податоци за правниот лек/правното средство кое сте го искористиле:



Ве молиме внесете ги следните податоци за документот со кој ви е одговорено на поднесениот правен лек/правно средство:



Ве молиме внесете ги Вашите податоци за идентификација и комуникација:
Полињата со * се задолжителни.
Напомена:

Како подносител, може да изберете Вашата претставка да ја поднесете и анонимно. Но, во тој случај, во согласност со член 72, став (3) од Законот за инспекциски надзор, Инспекцискиот совет ќе биде оневозможен да постапи, „...освен ако содржината на иницијативата не покренува прашање од јавен интерес утврден со закон или е неопходно отстранување на непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето или имотот од поголема вредност или животната средина“. Дополнително, ако Вашата претставка ја поднесете анонимно, ќе ни биде оневозможено да оствариме комуникација со Вас, односно нема да бидеме во можност да Ве известиме за резултатот од постапувањето по Вашата претставка.

Анонимно