Проект на УСАИД за граѓанско учество – Активност – Техничка помош за инспекциските реформи

Спроведувач: ИДЕАС ДеПо – Центар за развојни политики, Скопје
Донатор: УСАИД
Почеток на проектот: Maj 2022
Завршување на проектот: Септември 2022

Главна цел на проектот е подобрување на ефикасноста и координацијата на инспекциските служби кои се под ингеренција на Инспекцискиот совет, како и идентификација на коруптивните точки во дел од инспекциските служби. Во рамките на Проектот се реализираа следните активности:

  • Изработена Анализа на потенцијални „жешки точки“ точки за појава на корупцијата во работењето на инспекциските служби;
  • Изработена Наставна програма за генеричка обука – Интегритет на инспектори (План за обука, Прирачник за обучувачи, Прирачник за инспектори со вежби, Презентација на Систем на интегритет во инспекциските служби, Квиз за интегритет), врз основа на која се изработи SCORM електронска обука на македонски и албански јазик, кои се поставени на ЛМС системот на Инспекцискиот совет;
  • Изработен видеоспот за Е-инспектор и 5 инфографици (што е Е-инспектор, Кои се придобивките на Е-инспектор, Е-инспектор функционира преку, Улога и надлежности на Инспекцискиот совет и Поднеси претставка) на македонски и албански јазик;
  • Изработени Стратешки насоки за организација и работа на инспекциските служби и
  • Изработен Извештај за предлог измените на Законот за инспекциски надзор.

Проектен координатор:
Оља Петрушевска Томева
Телефон: 078-350-800
Е-пошта: o.p.tomeva@is.gov.mk