Работна средба со претставници од Socieux+

Сподели

Во Инспекцискиот совет беше одржана средба на која присуствуваа претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска, членот на Инспекцискиот совет Игор Вељаноски, директорот на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска, со претставници од Socieux+ тело за техничка соработка помеѓу јавните и социјалните партнери, основан и кофинансиран од ЕУ. На средбата претставниците на Socieux+ се информираа за надлежностите на Советот, неговата работа, како и за работата на државните инспектори од Државниот инспекторат за труд и функционирањето на системот Е-Инспектор и неговото имплементирање при вршењето на инспекцискиот надзор.


Сподели