Средба меѓу инспекциски совет и претставници од Државниот просветен инспекторат, Управата за заштита на културното наследство и Министерството за култура


На ден 26.05.2022 година во просториите на Инспекцискиот совет, в.д. претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска заедно со членот на Инспекциски совет од Областа на образование, наука и култура Ќерамедин Сељими, одржаа работна средба со директорот на Државниот просветен инспекторат Адријан Муслиу, директорот на Управата за заштита на културното наследство Аријан Асланај и раководителот на Секторот за управен и инспекциски надзор во Министерството за култура Сабина Синан. На средбата се разговараше за тековните проекти кои се спроведуваат во Инспекцискиот совет, со посебен акцент на проектот Е-инспектор, којшто е финансиран од EBRD.

В.д. претседателката ги информираше присутните за новиот проект финансиран од USAID, кој ќе се спроведува во наредните три месеци, чија главна цел е анализа на спроведувањето на Законот за инспекциски надзор.

На средбата се разменија информации за предизвиците со кои се соочуваат инспекциските служби и се заклучи дека досегашната соработка ќе продолжи и во иднина.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk