Средба помеѓу г-ѓа Славица Грковска, заменик на Претседателот на Владата на РСМ задолжен за политики за добро владеење и Инспекцискиот совет

На ден 26.07.2022 година во Инспекцискиот совет се одржа средба меѓу заменикот на Претседателот на Владата на РСМ задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска, претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска и членовите на Инспекцискот совет, на која се разговараше за потребата од ефикасни, брзи и објективни постапувања на инспекциските служби. За Инспекцискиот совет е многу важно што конечно, со поддршка на Владата, обезбедена е сопственоста на кодот за алатката Е-Инспектор, со што се овозможува одржливост и можност за унапредување на оваа алатка и нејзино имплементирање во останатите 13 инспекторати. Алатката Е-Инспектор е гаранција за објективно и непристрасно постапување на сите инспекторати. На средбата се разговараше и за обуките за интегритет за инспекциските служби, кои се неопходни во процесот на градење на систем на добро управување. Редовните средби и координации меѓу институциите се клучни за градење на ефикасен систем кој е на услуга на граѓаните.