Средба меѓу Инспекцискиот совет со Регулаторната Комисија за Домување и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија


На 7.6.2022 година во просториите на Инспекцискиот совет, в.д. претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска заедно со членот на Инспекциски совет од Областа на градежништво, урбанизам, комунални работи и транспорт, Ресул Шемо, одржаа работна средба со директорот на Регулаторната Комисија за Домување, Зоран Маџовски и пратеникот од актуелниот состав на Собранието на Република Северна Македонија, Љупчо Балковски.

Средбата беше одржана на барање на директорот на Регулаторната Комисија за Домување и на истата беа разгледани актуаелни прашања и проблематики од доменот на домувањето и материјата регулирана со Законот за домување.

На средбата се разменија информации за предизвиците со кои се соочува Регулаторната Комисија за Домување, кадровската екипираност на Општините со општински инспектори за домување, како и потребата за координирано дејствување на институциите преку развивање на стратегија на натамошно дејствување.

Присутните лица заклучија дека меѓуинституционалната соработка ќе продолжи и во иднина, преку заедничко промовирање на Законот за домување, креирање на нови политики и дефинирање на евентуалните недостатоци во практичната примена на законот и нивно преточување во конкретни предлози за измена и дополна на постоечките законски решенија со кои се регулира  колективното домување.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk