СРЕДБИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ИНСПЕКЦИСКИОТ СОВЕТ И ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ

Сподели

Во наредниот период Инспекцискиот совет планира реализација на средби со инспекциските служби, со цел зајакнување на соработката. На 25 април 2023 година се одржа средба со Државниот инспекторат за земјоделство. На состанокот акцентот беше ставен за важноста и корисноста на новата алатка за електронско спроведување на инспекцискиот надзор, Е-Инспектор. Со оглед дека модулот за Државниот инспекторат за земјоделство е сеуште во развој, на состанокот се дискутираше за отворените прашања во врска со спецификите на Инспекторатот и идентификуваните проблеми, по што се донесоа заклучоци за надминување на истите. Покрај тоа, на состанокот се разговараше и за можностите кои ги нуди ЛМС платформата во однос на поставување на специјализирани обуки за потребите на инспекторатите. На состанокот се заклучи дека важноста од одржување на вакви средби на редовна основа, е од круцијално значење за ефикасно и ефективно функционирање и дејствување, како на Инспекцискиот совет, така и на инспекциските служби.


Сподели