Влатко Серафимов

Член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето

Е-пошта: v.serafimov@is.gov.mk
Телефон: 070265711

(Државен санитарен и здравствен инспекторат, Државен инспекторат за животна средина, Aгенција за лекови и медицински средства – Одделение за инспекциски надзор, Дирекција за заштита и спасување – Сектор за генерален инспектор, Дирекција за радијациона сигурност – Одделение за инспекциски надзор, Центар за управување со кризи – Одделение за инспекциски надзор, Министерство за здравство – Сектор за хемикалии)
Член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето
Роден е на 16.05.1963 година во Кочани, каде го завршил основното и средното образование. Дипломирал на технолошко металуршкиот факултет во Скопје, каде се стекнува со звање Дипломиран инженер технолог од базно органско и полимерно инженерство.
За член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето е именуван на 21.06.2022 година.
Покрај мајчиниот македонски јазик, активно го користи англискиот јазик како и јазиците од поранешните југословенски републики.
Има одлично познавање на најчесто користените компјутерски програми.

Работно искуство:2008 -2022 – работа во повеќе здруженија на граѓани
2006 -2008 – Пратеник во Собранието на Република Македонија
2002 – 2006 – Директор на Државниот инспекторат за животна средина
1994 – 2000 – Републички пазарен инспектор
Учествувал на бројни домашни и меѓународни семинари, конференции и обуки од областа на животната средина, каде се стекнува со бројни дипломи и признанија.