На ден 10.09.2024 година, во просториите на Инспекцискиот совет, се одржа воведна сесија во врска со почетокот на интерактивната обука за кандидатите за инспектори, која согласно календарот односно деталниот распоред на изведување на модулите од програмата за интерактивна обука за стекнување со лиценца за инспектор, ќе се одвива во период септември-декември 2024 година.
На воведната сесија, кандидатите за инспектори беа поздравени од членовите на Инспекцискиот совет: Меџит Јусуфи, Влатко Серафимов и Благоја Гешоски, како и од дел од стручната служба на Советот а воедно им беше презентиран и целиот концепт во врска со почетокот на интерактивната обука.
Целта на оваа сесија е кандидатите за инспектори да се запознаат подетално со содржината на Програмата, начинот на спроведување на обуката, обучувачите кои ќе бидат ангажирани за одделните модули, распоредот наизведување на обуката, како и со други технички детали за користењето на ЛМС платформата за електронско следење на обуки.