Модернизација на инспекциските служби

Сподели

Спроведувач: ИДЕАС ДеПо – Центар за развојни политики, Скопје

Донатор: УСАИД

Почеток на проектот: Септември 2016

Завршување на проектот: Септември 2020

Буџет на проектот: 1,600,000 УСД

Главната цел на проектот за Модернизација на инспекциските служби е да воведе модерен, лесно достапен, предвидлив инспекцискиот систем кој ќе настојува да постигне зголемена ефикасност на инспекциските служби, како и доброволна усогласеност преку спроведување добри практики и принципи во процесот на инспекциски надзор.

Проектот го сочинуваат три компоненти:

Компонента 1 – Унапредување на законската рамка на инспекцискиот систем насочена кон зголемена ефикасност на инспекциските служби и подобра усогласеност на приватниот сектор со регулативите.

Компонента 2 – Подобрување на познавањето на инспекторите во специфични области, за подобра ефикасност при спроведување на инспекцискиот надзор.

Компонента 3 – Подобрување на ефективноста на инспекциските служби, за подобрена ефикасност на инспекцискиот систем преку имплементација на софтверско решение (е-влада).

Активностите во проектот ќе придонесат кон постигнување на следниве резултати:

  • Јасна законска и институционална рамка постигната преку целосен и инклузивен процес на идентификација и промена на неефикасното и неконзистентното законодавство, како и судирот на надлежности во законите и прописите.
  • Воведување на современи стандарди, техники и алатки за ефикасна и компетентна примена од страна на инспекциските служби како што е пристапот на доброволна усогласеност, принципите на анализа на ризик, листи за проверка за унифицирање на постапката, итн.
  • Добро воспоставени процедури за да се овозможи одржлива и континуирана примена на современите инспекциски практики
  • Инспекциските служби да идентификуваат, планираат и имплементираат програми за обука потребни за развој на кариерата на инспекторите
  • Подобрени вештини и знаење на инспекторите
  • Фунционален електронски систем кој нуди подобро планирање и менаџирање на ризикот на инспекцискиот надзор и подобрена ефикасност, транспарентност и одговорност во работата на инспекторите.
  • Размена на искуства со локалните и регионалните партнери

Сподели
indian step private room sex indian hd xxx in hindi indian bhabhi sex Desi Xxx Hot Video nordkorea porn