Календар за општ дел за испит
Почитувани кандидати за инспектори, со цел најдобро да го испланирате своето време, во овој дел од веб страницата можете да го погледнете распоредот за полагање на двата дела од испитот за стекнување со лиценца за инспектор. Општиот дел од испитот се полага во првата сесија, по завршување на тримесечната интерактивна обука на кандидатите за инспектори избрани преку постапка за вработување и кандидатите за инспектори вработени преку постапка за превземање на административен службеник.
Известување за почеток на втората интерактивна обука за стекнување со лиценца за инспектор септември-декември 2024 годинаТермин за полагање испит –општ дел, март-јуни 2024 годинаКалендар за утврдени термини за општ дел од испит за завршена интерактивна обука април-јули 2021 година
Календар за практичен дел за испит
Практичниот дел од испитот се полага во првата закажана испитна сесија, по завршување на девет месечната практична работа и обука на работно место, под надзор на ментор во инспекциската служба каде е вработен кандидатот за инспектор, избран преку постапка за вработување, постапка за преземање на административен службеник и постапка за преземање на инспектор од една во друга инспекциска служба. Внимание: Доколку не го положите испитот за лиценца за инспектор имате право да полагате уште еднаш во првата наредна испитна сесија. Но, доколку и по втор пат не го положите испитот за лиценца за инспектор, тогаш ви престанува вработувањето во инспекциската служба.
Програма за испит
Согласно член 43 од Законот, испитот за стекнување со лиценца за инспектор се состои од општ и практичен дел и се полага според Програма за испит за лиценца – општ дел, која ја донесува Советот и Програма за испит за лиценца – практичен дел, што ја донесува раководителот на инспекциската служба. Подолу можете да ги погледнете соодветните програми за испит за лиценца, со цел да се запознаете со содржините и темите кои треба да ги совладате пред да го полагате испитот. Програмите за деветмесечната практична работа и обука на работното место, под надзор на ментор ги донесуваат раководителите на соодветните инспекциски служби.
Програма за испит за лиценца – практичен дел ДИТИПрограма за испит за лиценца – практичен дел МАЛМЕДПрограма за испит за лиценца -практичен дел ТранспортПрограма за испит за лиценца практичен дел- ДУИПрограма за испит за лиценца-практичен дел УЗКНПрограма за испит за лиценца -практичен дел ПросветаПрограма за испит за лиценца -практичен дел АХВПрограма за испит за лиценца -практичен дел ДКИПрограма за испит за лиценца -практичен дел ДИЛСПрограма за испит за лиценца -практичен дел ДИЗПрограма за испит за лиценца- практичен дел ДИГУПрограма за испит за лиценца -практичен дел ДАРМПрограма за испит за лиценца -практичен дел ДСЗИПрограма за испит за лиценца – практичен дел ЦУКПрограма за испит за лиценца – практичен дел ТрудПрограма за испит за лиценца – практичен дел ПазарнаПрограма за испит за лиценца – практичен дел МТСППрограма за испит за лиценца – практичен дел ИУЈПрограма за испит за лиценца – практичен дел ДРСПрограма за испит за лиценца за инспектор – општ дел