Интерактивна обука
Календар на обуки
Почитувани кандидати за инспектори, со цел најдобро да го испланирате своето време, во овој дел од веб страницата можете да го погледнете распоредот за одржување на интерактивните обуки, согласно динамиката предвидена во Програмата за интерактивна обука за стекнување со лиценца за инспектор. Тука, на прегледен начин е прикажан временскиот распоред за реализирање на содржината на Програмата, времетраењето на темите, начинот на нивна реализација и сл.
Програма за интерактивна обука
Во согласност со член 42 од Законот за инспекциски надзор, вие почитувани кандидати за инспектори, посетувате обука за стекнување со лиценца за инспектор, која се состои од два дела со вкупно времетраење од 12 месеци. Од тоа, три месеци интерактивна обука и девет месеци практична работа и обука на работното место. Програмата за тримесечната интерактивна обука ја донесува Советот и истата можете да ја погледнете подолу, со цел навреме да се запознаете со содржините и темите кои треба да ги совладате пред да го полагате испитот за стекнување со лиценца за инспектор.