Кандидати за инспектори


Почитувани идни инспектори,

Новиот Закон за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 102/19), за прв пат го воведува поимот „кандидати за инспектор“, бидејќи воведува целосно нов систем за вработување на инспектори. Имено, за да се стекнете со статус на инспектор, вие мора прво да поминете низ процес на обучување, кој во зависност од начинот на кој сте вработени, може да трае од 9 – 12 месеци.

За ова време вие се подготвувате и стекнувате знаења и вештини, кои ќе ви бидат потребни во вршењето на инспекциската должност. Но, пред да започнете со вршење на инспекциски надзори, треба да се стекнете со соодветна лиценца за инспектор.

Токму затоа, на овие страници ќе ви бидат на располагање сите информации кои ќе ви бидат потребни за учење и за полагање на испитот за стекнување со лиценца. Информациите се групирани во четири категории: 1) интерактивна обука, 2) практична обука, 3) испит за лиценца за инспектор и 4) база на испитни прашања. Покрај тоа, сите кандидати за инспектор ќе можете од тука директно да се поврзете со платформата за електронско учење, на која се поместени сите потребни содржини за модулите од Програмата за интерактивна обука.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 (0)2 3121 077

Електронска адреса: contact@is.gov.mk