Резултати од испит за лиценца за инспектор
Резултати за општ дел од испит
Резултатот, односно бројот на освоени бодови, како и исходот од полагањето на испитот – положен/неположен, е достапен за кандидатот веднаш по завршувањето на полагањето на екранот од компјутерот.Советот ги објавува резултатите од испитот на својата веб страница најдоцна 15 дена по завршување на испитот.
Резултати за практичен дел од испит
Резултатот, односно бројот на освоени бодови, како и исходот од полагањето на испитот – положен/неположен, е достапен за кандидатот најдоцна три дена по завршувањето на испитот.За спроведениот практичен испит, Комисијата составува записник кој ги содржи следните податоци: датум, време и место на одржување на испитот, состав на Комисијата, листа на кандидати за инспектор кои го полагале испитот со освоените бодови и вкупниот исход и печат на инспекциската служба.