Известување за полагање на испит за лиценца општ дел за завршена интерактивна обука јануари-април 2021 година
Согласно член 2 став 3 од Правилникот за начинот за спроведување на испитот за стекнување со лиценца за инспектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 238/2019), во пресрет на испитна сесија за интерактивна обука реализирана во период јануари-април 2021 година, Инспекцискиот совет ги утврди следните термините за полагање на испит за стекнување со лиценца за инспектор – општ дел, и тоа:
Термин1 26.4.2021 | Термин 2 27.4.2021 | Термин 3 28.4.2021 | |
1 | 9.00-10.30 | 9.00-10.30 | 9.00-10.30 |
2 | 11.00-12.30 | 11.00-12.30 | 11.00-12.30 |
3 | 13.00-14.30 | 13.00-14.30 | 13.00-14.30 |
Најдоцна 15 дена пред одржувањето на испитот, Советот по електронски пат ќе го извести секој кандидат за инспектор, поедеинечно, за време и место на полагање на општиот дел од испитот.
Испитот Инспекцискиот совет испитот ќе го спроведе во просторија која е материјално и технички опремена со соодветна информатичко-комуникациска опрема.
Општиот дел од испитот се полага со одговарање на електронски тест на компјутер.
Тестот брои вкупно 45 прашања, по 15 од секој степен на сложеност (ниска, средна и висока сложеност) во кои се опфатени темите од осумте модули од интерактивната обука.Времетраењето за полагање на општиот дел од испитот изнесува 90 минути.
За секое прашање се понудени четири можни одговори од кои само еден е точен. Вкупниот збир на бодови за испитните прашања вклучени во тестот изнесува 90. Испитот се смета за положен, доколку кандидатот освои најмалку 60 бодови.
Резултатот и исходот од реализраниот испит, е достапен веднаш по завршување на полагањето.
На тој начин кандидатот се информира за остварените резултати.
Испитните прашања можете да ги превземете на следниот линк :
https://is.gov.mk/base-of-exam-questions/
Секое манипулативно дејствие за време на полагањето кое е спротивно на начинот за полагање на испит и е конкретно утврдено во Правилникот за начинот за спроведување на испитот за стекнување со лиценца за инспектор, ќе се смета за недопуштено и кандидатот ќе биде отстранет од испитот.
Во овој случај ќе се смета дека кандидатот остварил негативни поени,односно не го положил општиот дел од испитот.
Ви посакуваме успех
Со почит
Инспекциски совет