Воведна сесија за почеток на интерактивна обука за кандидати за инспектори


На ден 20.03.2024 година, во просториите на Инспекцискиот совет, се одржа воведна сесија во врска со почетокот на интерактивната обука за кандидатите за инспектори, која согласно календарот односно деталниот распоред на изведување на модулите од програмата за интерактивна обука за стекнување со лиценца за инспектор, ќе се одвива од крајот на месец март до крајот на месец јуни 2024 година.

На воведната сесија, кандидатите за инспектори беа поздравени од Претседателот на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска и членовите на Инспекцискиот совет: Меџит Јусуфи, Игор Вељаноски и Благоја Гешовски, како и од дел од стручната служба на Советот а воедно им беше презентиран и целиот концепт во врска со почетокот на интерактивната обука.

Целта на оваа сесија е кандидатите за инспектори да се запознаат подетално со содржината на Програмата, начинот на спроведување на обуката, обучувачите кои ќе бидат ангажирани за одделните модули, распоредот на изведување на обуката, како и со други технички детали за користењето на ЛМС платформата за електронско следење на обуки.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk