договор за давање на трајно користење на движна ствар без надомест – патничко моторно возило марка Форд Фиеста


Во просториите на Инспекцискиот совет беше потпишан договор за давање на трајно користење на движна ствар без надомест – патничко моторно возило марка Форд Фиеста, помеѓу Претседателот на Инспекциски совет г-ѓа Даниела Рендевска и директорот на Државниот девизен инспекторат г-дин Нурфет Карагоски. Според договорот, патничкото моторно возило од страна на Инспекцискиот совет се дава на трајно користење на Државниот девизен инспекторат, по претходно донесена Одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Министерството за финансии – Државен девизен инспекторат бр.41-10732/5 од 07.1.2023 година донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.239/23 на 13.11.2023 година.

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk