Инспекциски совет денес ги започна Инфо деновите со инспекциските служби на локално ниво


Претседателката на Инспекциски совет Даниела Рендевска заедно со членот Влатко Серафимов со денешните посети ги започнаа ИНФО деновите со локалните инспекциски служби.

Започнавме со Општина Центар каде остваривме работна средба со Градоначалникот Горан Герасимовски и раководителот на инспекциската служба Мирослав Богдановски, како и со претставници од инспекциската служба на Град Скопје. На средбите  се разговараше за сите отворените прашања кои се однесуваат на работењето на општинските инспектори и истите се со  плоден исход за понатамошна соработка.

Рендевска информира “ИНФО деновите ќе бидат од информативен и советодавен карактер со цел да помогнеме во доследна примена на Законот за инспекциски надзор”.

Инспекцискиот совет продолжува со посета на општините низ цела Република Северна Македонија.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk