Инспекцискиот совет ги продолжува посетите за Инфо денови


Членовите на Инспекциски совет Игор Вељаноски и Ресул Шемо со денешната посета на две Општини ги продолжуваат веќе започнатите ИНФО деновите со локалните инспекциски служби.
Денешната агенда ги опфати посетите на Општина Аеродром и Општина Кисела Вода. Членовите на Инспекцискиот совет остварија средби со Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, раководителот на инспекциската служба Елена Јошевска Стојановска и секретарот на општината Јулијана Павковска Боцевски, како и со Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, градежниот инспектор Златко Бојаџиев и шефот на кабинетот на Градоначалникот, Кирил Митревски. На средбите се разговараше за сите отворените прашања кои се однесуваат на работењето на општинските инспектори и истите се со плоден исход за понатамошна соработка.
Претседателот на Инспекцискиот совет информира дека ИНФО деновите ќе бидат од информативен и советодавен карактер со цел да помогнеме во доследна примена на Законот за инспекциски надзор.
Инспекцискиот совет ги продолжува посетите на општините низ цела Република Северна Македонија и во наредниот период.

 

 

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk