Координативен состанок со цел размена на мислења , ставови и искуства во врска со заштитата на личните податоци при објавувањето на инспекциските акти


Денес по просториите на Инспекциски совет се одржа координативен состанок, кој го отвори Заменик на Претседателот на Влада на РСМ за политики на добро владеење Славица Грковска и  Претседателката Даниела Рендевска ,а на истиот беа присутни членовите на ИС , претставници од Агенцијата за заштита на личните податоци и директорите\ раководителите на инспекциските служби.

Разговаравме за соодветната законска форма за објавување на записниците од завршените надзори и за сите останати дилеми поврзани со унапредување на транспарентноста на инспекциските служби.

Инспекторите се лицето на институцијата и на државата ,затоа што тие се во секојдневен контакт со граѓаните.

На состанокот се осврнавме на значењето за дигитализацијата на инспекциската постапка , со која драстично се намалуваат ризиците од корупција при вршењето на надзорите. Инспекторатите кои се дел од Е – инспектор веќе ги согледуваат придобивките од дигитализацијата во секојдневната работа и затоа е важно да се продолжи со интензивни подготовки во оваа насока и за сите останати инспекциски служби.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk