Известување за генерички обуки на инспекторите за 2024 година

Почитувани, (ne se gleda)

 

Со донесувањето на Законот за инспекциски надзор е воспоставен целосно нов систем за развој и управување со инспекторите во инспекциските служби на централно ниво. Ваквиот систем ја препознава важноста на обуката во развојот на професионални и компетентни инспектори, кои претставуваат една од основните алки во успешното спроведување на законските и подзаконските акти во државата.

 

Во таа насока , сакаме да Ве известиме дека на платформата за електронско учење достапни се генеричките обуки од Годишната програма за генерички обуки за 2024 година , донесена од страна на Инспекцискиот совет каде се внесени инспекторите од Вашата инспекциска служба, и истите ќе бидат отворени до 31.12.2024 година.

 

Годишната програма за генеричките обуки за 2024 година ќе се реализира со користење на електронска платформа за учење, која ќе овозможи самостојно учење од материјалите на  генеричките обуки.

 

Согласно член 50 став 2 од Законот за инспекциски надзор (Службен весник на РСМ, бр. 102/19), инспекторите од Вашата инспекциска служба потребно е да  реализираат минимум три генерички обуки кои ги избрале и се предвидени во Вашиот Годишен план за стручно оспособување и усовршување на секој инспектор за 2024 година.

 

Дополнително, Ве информираме дека согласно Годишната програма за генеричките обуки за 2024 година имате достапна нова генеричка обука на Тема 1.15 – Информатички систем за спроведување на инспекциски надзор, Е-Инспектор, неопходна за подобрување на професионалните и стручните компeтенции на инспекторите за користење на електронскиот систем Е-инспектор, која со исклучок на останатите теми од програмата ќе биде достапна на ЛМС платформата од март 2024 година , од причина што сеуште се работи на развој на Е-инспектор.

 

По завршување на обуката системот електронски ќе изгенерира сертификат за успешно завршена генеричка обука.

 

Пристап до електронската платформа се обезбедува преку следниот линк: http://lms.is.gov.mk

 

Инспекторите пристапот до платформата ќе го обезбедат преку корисничко име (e-mail адреса)и лозинка која ја веќе ја имаат креирано и користено за потребите за следење на обуките во изминатата  година.

 

Во случај на потреба од техничка подршка при потешкотии во однос на логирањето на платформата, додавање на нови корисници на платформата, Ве молиме да се обратите електронски на следната email адреса obuki@is.gov.mk.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk