Средба со в.д директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов

Денес во просториите на Инспекцискиот совет Претседателот на Инспекциски совет Даниела Рендевска и надлежниот член од одбласта образование, наука и култура Ќерамедин Селими одржаа средба со в.д директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов. На средбата се дискутираше за предизвиците со кои се соочува ДИП во однос на кадровската екипираност во инспекторатот. Главен акцент на средбата беше ставен на соработката помеѓу двете институции, како и за вклучувањето на Државниот просветен инспекторат во системот Е-инспектор.

Работна средба на Министерот за информатичко општество и администрација во Инспекцискиот совет

Денес (15.03.2023 година) во посета на Инспекцискиот совет беше Министерот за информатичко општество и администрација Проф. Др. Азир Алиу, кој оствари средба со Претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска и членовите на Советот. На средбата Министерот беше запознаен со работата на Инспекцискиот совет и неговите надлежности согласно Законот за инспекциски надзор, обемот на работа која ја извршува Советот, како и предизвиците со кои се соочува.


Воведна сесија за почеток на интерактивна обука за кандидати за иснпектори

На ден 01.03.2023 година, во просториите на Инспекцискиот совет, се одржа воведна сесија во врска со почетокот на интерактивната обука за кандидатите за инспектори, која согласно календарот односно деталниот распоред на изведување на модулите од програмата за интерактивна обука за стекнување со лиценца за инспектор, ќе се одвива од почетокот на месец март до крајот на месец мај 2023 година.

На воведната сесија, кандидатите за инспектори беа поздравени од членовите на Инспекцискиот совет: Меџит Јусуфи, Игор Вељаноски, Влатко Серафимов и Ресул Шемо, како и од дел од стручната служба на Советот а воедно им беше презентиран и целиот концепт во врска со почетокот на интерактивната обука.

Целта на оваа сесија е кандидатите за инспектори да се запознаат подетално со содржината на Програмата (сите 8 модули), начинот на спроведување на обуката, обучувачите кои ќе бидат ангажирани за одделните модули, распоредот на изведување на обуката, како и со други технички детали за користењето на  ЛМС платформата за електронско следење на обуки.

Свечена седница за доделување на Потврди за успешно завршена обука за обучувачи

Инспекцискиот совет, во рамките на своите надлежности, воспоставува и одржува систем за стручно усовршување и обука на инспектори во инспекциските служби организирани како органи во состав на министерствата и организациски единици за инспекциски надзор во состав на други органи на државната управа. За таа цел, а во согласност со Стратегијата за стручно усовршување и обуки на инспекторите во инспекциските служби 2020-2024 година, Инспекцискиот совет веќе три години гради и одржува база на обучувачи – инспектори, кои се сертифицирани за спроведување на интерактивните обуки за кандидатите за инспектори и на 15.12.2022 и 16.12.2022 година, во просториите на Инспекцискиот совет се одржаа Обуки за обучувачи, согласно Повик за обука за инспектори – обучувачи, со цел надградба на постоечката база на инспектори обучувачи и континуитет во спроведувањето на интерактивните обуки.
На ден 09.02.2023 година, во просториите на Инспекцискиот совет се одржа 294- та свечена седница, на која претседателот на Советот, Даниела Рендевска, ги додели Потврдите за успешно завршена обука за обучувачи, реализирана од страна на Инспекцискиот совет, во соработка со Маргарита Иванова – обучувач.

Oдржан промотивен настан посветен на развојот на информатичкиот систем за инспекциски надзор, Е- Инспектор

Денеска, 12.12.2022 година во организација на Инспекцискиот совет, Европската банка за обнова и развој и избраната ИТ компанија ИТгма, се одржа Промотивен настан посветен на развојот на информатичкиот систем за инспекциски надзор, Е- Инспектор. Развојот на Електронски систем за дигитализација и автоматизација на инспекциската постапка и надзор Е-инспектор, претставува ефикасен контролен механизам за намалување на субјективното влијание на инспекторите при вршењето на инспекциските надзори. Развојот на системот Е-Инспектор е највисоко на владината агенда и е една од основните стратешки цели на Инспекцискиот совет, како алатка во борбата против корупцијата и дигитализацијата на општеството. Придобивките од овој систем се далеку поголеми за субјектите на надзор, отколку за самите инспектори и инспекциски служби, бидејќи ќе го намали субјективното влијание на инспекторот, а со тоа и можноста за коруптивно однесување. Преку интегрирање на листите за проверка и електронската распределба на надзорите, инспекцискиот надзор ќе биде многу пообјективен, унифициран и без можност за манипулација, со што ќе се зголеми правната сигурност и довербата на граѓаните во севкупниот инспекциски систем. На настанот активно учество земаа Заменик на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, г-ѓа Славица Грковска, Шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Република Северна Македонија, г-дин Енди Аранитаси, Претседателка на Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, г-ѓа Даниела Рендевска и г-ѓа Ендрита Џаферај, експерт за инвестициска клима и управување во Европската банка за обнова и развој, проектен менаџер. Г-дин Станојоски, од ИТма даде краток вовед за наодот од преземените активности и детали за изготвувањето и имплементацијата на GAP Анализата на Пилот фазата од развитокот на информатичкиот систем Е-инспектор. Потоа се осврна на понатамошните чекори за развивање на 13-те нови модули за новите 13 инспекциски служби.

 

ОГЛАС БРОЈ 2/2022 за унапредување на 1 (еден) административeн службеник во Инспекцискиот совет

Врз основа на член 30 став 3 и член 48 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 275/2019, 14/20 и 215/21), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ број 11/15, 35/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 303/20), Правилникот за систематизација на работните места во Инспекцискиот совет, бр. 01-181/1 од 3.2.2020 година и Правилникот за дополнување на Правилникот за систематизација на работните места бр. 01-494/1 од 26.5.2021 година, Претседателот на Инспекцискиот совет објавува ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 за унапредување на 1 (еден) административeн службеник во Инспекцискиот совет.

04-1416.2 – Интерен оглас и пријава

Пријава за оглас

 

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk