Филиповска – Грашкоска: Да прославуваме одговорно!

На прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, одржана на 30.12.2020 година, претседателката Магдалена Филиповска-Грашкоска  апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, да празнуваме одговорно во кругот на семејството, да се воздржат од прослави и да нема групирања.
Надлежните инспекциски служби и во текот на новогодишните празници ќе спроведуваат интензивни контолри на терен, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните.
Во изминатите седум дена, инспекциските служби во соработка со Министерството за внатрешни работи спроведоа голем број на координирани акции кај различни субјекти, при што е констатирано дека, иако најголемиот дел од стопанствениците ги почитуваат доследно Ковид протоколите, сепак за жал се уште се јавуваат случаи во кои Ковид протоколите не се почитуваат, односно луѓето се групираат и преставуваат закана за ширењето на корона вирусот.

Во периодот од 21-ви до 27-ми декември  Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 5.200 надзори и контроли.

Поединечно, Државниот здравствен и санитарен инспекторат во периодот од 20-ти до 27-ми декември изврши 112 надзори и издаде 8 решенија.  Во истиот период издадени се и 6576 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, што е за ¼ помалку од претходната недела кога се издадоа 9065 решенија за изолација.

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.864 контроли и 462 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали;Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.
При спроведените надзори, изречени се 32 прекршочни пријави и 62 решенија за констатираните неправилности, како и 43 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 13 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за 7 угостителски објекти во Скопје и по 2 угостителски објекти во Гостивар, Тетово и Струга, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за 4 лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.
Спредбено со периодот од 14 до 20 декември , бројот на затворени угостителски објекти е зголемен за 50 %.
За време на новогодишната ноќ, но и за празниците што следат, Државниот пазарен инспекторат во соработка со МВР,ќе продолжат со зајакнатите заедничките контроли во угостителските објекти. Ќе се постапува и по пријава или по сознание добиено за собири и доколку се утврди дека навистина се случува организиран настан, ќе се преземат соодветни мерки согласно законите.

Во истиот период, Инспекторат за транспорт изврши 49 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 6-прекршочни пријави, 2 решенија и 2 прекршочни платни налози. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања , односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 361 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места.  Изречени се 9 решенија и 11 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 2 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни билести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за што и се издадени 9 ППН за 9 лица заради неносење на заштитна маска на работно место.
Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД  спроведе 21 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона. При тоа, издадени се 2 решение согласно Законот за лекови и медицински помагала.

Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 290 надзори, при што издадени се 8 решенија, 10 едукации и 2 ППН, по основ на нерегистриран оператор,непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи, неправилно складирање, чување и означување на производи .

Државниот инспекторат за животна средина , во текот на минатата недела изврши вкупно 41 надзори. При тоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донесоа 3 решенија со задолжувања за подобрување на работата на правните субјекти.

Голема благодарност упатуваме до сите граѓани и стопанственици кои веќе долг временски период ги почитуваат протоколите и мерки за заштита од корона вирусот. За жал , се уште има наши сограѓани кои оваа ситуација не ја сфаќаат сериозно и преку себични постапки го загрозуваат здравјето на луѓето околу нив. Затоа Ве известуваме дека инспекторите ќе продолжат исто како и до сега со чести контроли и неселктивно ќе ги санкционираат оние кои го загрозуваат јавното здравје,  и ги замолуваме совесните граѓани да пријавуваат непочитувања на Ковид протоколите во наредните денови.

Би сакале да Ви посакаме среќна и успешна 2021 година, исполнета со здравје, љубов,спокој и  надеж дека оваа здравствена и општествена криза предизвикана од Корона вирусот набрзо ќе заврши и сите ќе можеме да се вратиме на нашите нормални секојдневни активности.

 

Известување за термини за полагање на испит за лиценца – општ дел во Јануарска испитна сесија

Согласно член 2 став 3 од  Правилникот за начинот за спроведување на испитот за стекнување со лиценца за инспектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 238/2019), во пресрет на Јануарската испитна сесија, Инспекцискиот совет ги утврди следните термините за полагање на испит за  стекнување со лиценца за инспектор – општ дел, и тоа:

Термин1

1.2.2021

Термин 2

2.2.2021

Термин 3

3.2.2021

1 9.00-10.30 9.00-10.30 9.00-10.30
2 11.00-12.30 11.00-12.30 11.00-12.30
3 13.00-14.30 13.00-14.30 13.00-14.30

 

Најдоцна 15 дена пред одржувањето на испитот, Советот по електронски пат ќе го извести секој кандидат за инспектор, поедеинечно, за време и место на полагање на општиот дел од испитот.

Испитот ќе се спроведе во просториите на Инспекцискиот совет лоциран на ул. „Даме Груев“ бр.3, блок 2, локал 5, во Скопје, во просторија која е материјално и технички опремена  со соодветна информатичко-комуникациска опрема.

Општиот дел од испитот се полага со одговарање на електронски тест на компјутер.

Тестот брои вкупно 45 прашања, по 15 од секој степен на сложеност (ниска, средна и висока сложеност) во кои се опфатени темите од осумте модули од интерактивната обука.

Времетраењето за полагање на општиот дел од испитот изнесува 90 минути.

За секое прашање се понудени четири можни одговори од кои само еден е точен. Вкупниот збир на бодови за испитните прашања вклучени во тестот изнесува 90.

Испитот се смета за положен, доколку кандидатот освои  најмалку 60 бодови.

Резултатот и исходот од реализраниот испит, е достапен веднаш по завршување на полагањето.

На тој начин кандидатот се информира за остварените резултати.

Базата на испитните прашања е достапна на веб страната.

Секое манипулативно дејствие  за време на полагањето кое е  спротивно на начинот за полагање на испит и е конкретно утврдено во Правилникот за начинот за спроведување на испитот за стекнување со лиценца за инспектор, ќе се смета за недопуштено и кандидатот ќе биде отстранет од испитот.

Во овој случај ќе се смета дека кандидатот остварил негативни поени,односно не го положил општиот дел од испитот.

Ви посакуваме успех

Со почит

Инспекциски совет

 

Насоки за пристап до ЛМС платформа за електронско следење на обуки

Инспекцискиот совет подготви Насоки за пристап до ЛМС платформата,за потребите на инспекторите за следење на Генеричките обуки за 2020 година. Насокоите можете да ги превземете на следниот линк:

Насоки за пристап до ЛМС платформата

Филиповска – Грашкоска: Инспекцискиот совет во активна соработка со МВР, за одговорно прославување на претстојните празници

На прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, одржана на 23.12.2020 година, претседателката Магдалена Филиповска-Грашкоска потенцираше за интензивирање на активностите пред новогодишните празници и продолжување на активната соработката со Министерството за внатрешни работи и во следниот период со цел да се обезбеди одговорно прославување на претстојните празници.

Во периодот од 14 декември до 20 декември, седумте инспекциски служби, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 5.858 надзори и контроли.

Поединечно, Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 98 надзори и издаде 10 решенија. Во истиот период издадени се и 9065 решенија за изолација за лица заболени од коронавирус и лица кои биле во контакт со лица заболени од коронавирус.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат изврши 4338 контроли и 546 надзори. При истите, изречени се 39 прекршочни пријави, 58 решенија за констатирани неправилности и 49 прекршочни платни налози. За 8 угостителски објекти во Скопје, Гостивар и Куманово изречена е мерка забрана за вршење дејност, односно се затворени за работа на лице место, а дополнително се изречени и соодветни прекршочни платни налози.

Инспекторатот за транспорт спроведе 53 надзори и издал 11 прекршочни пријави и 8 решенија. Поради непочитување на Протоколот за превоз на патници издадени се 3 решенија, од кои 1 прекршочна пријава за превоз на патници во Ресен и 2 прекршочни пријави за превоз на патници на граничен премин Деве Баир.

Од страна на Државниот инспекторат за труд извршени се 450 надзори во правни субјекти на целата територија на Република Северна Македонија и инспекторатот изрекол 12 решенија и 5 прекршочни пријави за непочитување на здравствен протокол и превентивни мерки на работни места.

МАЛМЕД, агенцијата за лекови и медицински помагала во зададениот период спроведе 28 надзори во аптеки и издал 2 решенија согласно Законот за лекови и медицински помагала.

Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство изврши 303 надзори, издаде 9 решенија, 14 едукации и 6 ППН по основ на нерегистриран оператор, непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи, неправилно складирање и означување производи.

Во текот на изминатата недела, Државниот инспекторат за животна средина изреализира вкупно 42 надзори и издаде 3 решенија за констатирани неправилности, 2 платни налози и 1 прекршочна пријава. Дополнително е поднесен предлог за одземање Б интегрирана дозвола при утврдени неправилности кои се однесуваат на неплатени надоместоци за водно право, горење отпадно масло и непочитување на условите од издадената дозвола.

Ги повикуваме граѓаните и стопанствениците да бидат совесни и трпеливи. Да ги почитуваат протоколите и препораките за ширење на коронавирусот и безбедно да ги прослават претстоечките празници.

Инспекциските служби не застануваат со работа и за време на новогодишните празници. Секој еден кој на било кој начин ќе го загрози јавното здравје ќе биде неселективно и навремено санкциониран.

Годишен план за работа на Инспекцискиот совет за 2021 година

Врз основа на член 16, став (2), од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 102/19), Инспекцискиот совет, на својата 192-ра седница, одржана на 15.12.2020 година, го донесе Годишниот план за работа на Инспекцискиот совет за 2021 година.

Клучните приоритети на Советот за 2021 година, остануваат во областите на четирите програмски рамки:

  • Следење на спроведувањето на законските прописи за инспекциски надзор,
  • Клучни производи и услуги на Советот,
  • Соработка со други институции, организации, медиуми, јавност, и
  • Подобрување на работењето на Советот.

Годишниот план за работа на Советот за 2021 година, можете да го преземете тука.

Известување за Годишна програма за генерички обуки за 2020 година

Почитувани инспектори,

Сакаме да Ве известиме дека на платформата за електронско учење, на Инспекцискиот совет, достапни се генеричките обуки од Годишната програма за генерички обуки за 2020 година каде се додадени инспекторите од Вашата инспекциска служба.

Со донесувањето на Законот за инспекциски надзор е воспоставен целосно нов систем за развој и управување со инспекторите во инспекциските служби на централно ниво. Ваквиот систем ја препознава важноста на обуката во развојот на професионални и компетентни инспектори, кои претставуваат една од основните алки во успешното спроведување на законските и подзаконските акти во државата.

Поради вонредната состојба предизвикана од вирусот COVID-19, Владата на РСМ донесе Уредба со законска сила за применување на Законот за инспекциски надзор, со која спроведувањето на Годишната програма за генерички обуки на инспекторите за 2020 година, беше одложено до 31.8.2020 година.

Како последица на одложувањето, а со цел заштита на животот и здравјето на луѓето и јавниот интерес,  предизвикани од здравствените и епидемиолошки услови кои ги наметнува состојбата со вирусот COVID-19, класичниот начин на организирање на обуки во училница, нема да се користи до крајот на тековната, како и во текот на 2021 година.

Од таа причина Годишната програма за генеричките обуки за 2020 година ќе се реализира со користење на новата електронска платформа за учење, која ќе овозможи самостојно учење од материјалите на  генеричките обуки.

Методологии за проценка на ризик

ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПОДДРШКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНОСТА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ“, СЕ ИЗРАБОТИЈА МЕТОДОЛОГИИ ЗА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК

Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо во соработка со Инспекцискиот совет, во рамки на проектот „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби“ поддржан од Европската банка за обнова и развој ЕБРД, како дел од своите активности изработија 15 Методологии за проценка на ризик за 13 инспекторати и 2 инспекциски служби, како обврска произлезена од новиот Закон за инспекциски надзор.

Целта на овие методологии е проценување на ризикот врз основа на идентификување на  ризиците, како и проценка на тежината на штетните последици и веројатноста за нивно случување. Проценката на ризик се прави во текот на подготвувањето на годишниот план за работа на инспекциската служба.

Методологиите за проценка на ризик се донесени од страна раководните лица на инспекциските служби, по претходно добивање на позитивно мислење од Инспекцискиот совет, и истите се објавени на веб страницата на Инспекцискиот совет.

Листи за проверка

ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПОДДРШКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНОСТА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ“, ПОДДРЖАН ОД ЕБРД, ИДЕАС ДЕПО ЗАЕДНО СО ИНСПЕКЦИСКИОТ СОВЕТ ИЗРАБОТИЈА ЛИСТИ ЗА ПРОВЕРКА

Целта на листите за проверка е да се олесни и усогласи инспекцискиот процес, тој да претставува  систем за проверка, а не систем за репресија и казнување. Листите  имаат и едукативна цел, односно со нив се зголемува униформираноста и свесноста кај субјектите на надзор и нивно доброволно усогласување со конкретните законски обврски , а воедно со нив се постигнува и поголема транспарентност при спроведување на инспекциската постапка.

Освен листите за проверка изработени во рамки на проектот „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби“, се изработија и листи за проверка од страна на самите инспекциските служби.

Листите за проверка се објавени на веб страниците на инспекциските служби, како и на веб страниците на Инспекциски совет и Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk