Членови на ИС




Д-р БЛАГОЈА ГЕШОСКИ

b.geshoski@is.gov.mk


Тел:

070265745


(Државен управен инспекторат, Државен инспекторат за локална самоуправа, Државен архив на Република Северна Македонија - Одделение за инспекциски надзор, Агенција за млади и спорт - Сектор за инспекциски надзор, Инспекторат за употреба на јазиците, Министерство за труд и социјална политика - Сектор за инспекциски надзор во социјалната заштита)

Член на Инспекциски совет од областа на управата, од 3.8.2017 година.

Роден е на 10.07.1972 година во Прилеп, каде живее и денес.

Дипломирал на дефектолошкиот факултет во Белград, а магистрирал и докторирал на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Покрај мајчиниот македонски јазик, активно го користи англискиот јазик, јазиците од поранешна Југославија и бугарскиот јазик.

Има одлично познавање на најчесто користените компјутерски програми.

Работно искуство:

2017          - член на Инспекциски совет

2009-2014 - член на комисија за верификација на Фактите;

2008-2009 - Соработник за јавни дејности во општина Кривогаштани;

2002-2006 - Пратеник во Собрание на Р.М;

1993-2002 - вработен во сопствена приватна фирма

Повеќе години е активен на спортски план, активно тренирал џудо 12 години, потоа бил џудо судија, а денес е потпретседател на Џудо федерацијата на РСМ.

Учествувал на бројни домашни и меѓународни семинари, конференции и обуки од областа на социјалната политика и човековите права, обуки на тема ЕУ и правата на инвалидизираните и маргинализираните лица, цвилна контрола на безбедносните служби, борба со корупција и др.

Има објавено повеќе научни и стручни трудови во домашни и странски списанија.

 

 

 

 

 

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk