Инспекцискиот совет и Државната комисија за спречување на корупција, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции


На 31.03.2022 година во Државната комисија за спречување на корупција, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции. На потпишувањето присуствуваа и членовите на Советот, Методија Димовски и Меџит Јусуфи, како и членовите на Државната комисија, Владимир Георгиев и Нури Бајрами.

Целта на Меморандумот е промовирање на соработка и размена на искуства помеѓу двете институции, координација и водење заеднички договорени аактивности, во согласност со законските надлежности на институциите, особено преку:

  1. Соработка и постојан дијалог за размена на знаења и практични искуства во областа на превенцијата и репресијата на корупцијата и судирот на интереси, и јакнењето на личниот и институционалниот интегритет;
  2. Организирање на работни средби за размена на позитивни практики и информации за зајакнато функционирање на Државната комисија и Советот, како и нивните стручни служби;
  3. Размена на податоци и позитивна пракса, при постапување по предмети од областите на законска надлежност на Државната комисија и Советот;
  4. Подготвување, организација и спроведување на обуки за инспекторите вработени во инспекциските служби под јурисдикција на Советот;
  5. Други активности, со кои на партнерска основа, може да се остваруваат целите на овој Меморандум.

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk