СОСТАНОК НА ИНСПЕКЦИСКИ СОВЕТ СО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Денеска на 9.6.2022 год., во просториите на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, в. д. директорот, м-р Владимир Кроневски одржа работен состанок со в. д. претседателката на Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, Даниела Рендевска и Оља Петрушевска Томева, проектен координатор на ЕБРД во Инспекциски совет. На средбата се разговараше за можностите за напредување со досегашната соработка, а посебен акцент беше ставен на проектот Е-инспектор, кој е поддржан од ЕБРД, и достапноста на законската регулатива, за инспекциските служби, преку е-базата на прописите на ЈП Службен весник на РСМ.