Обука на инспектори за примена на Е-Инспектор

Во периодот од 08 до 12 јуни 2023 година, во Центарот за обука на Инспекцискиот Совет се одржаа три еднодневни обуки на инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Државниот просветен инспекторат.

На обуките беа презентирани сите функционалности на системот, како и движењето на инспекциската постапка и инспекцискиот предмет низ Информацискиот систем за спроведување на инспекцискиот надзор, Е-Инспектор.

По одржувањето на обуката, со цел тестирање на системот, на секој од инспекторите им се даде можност да помине еден тестен предмет низ системот, односно генерирање на записник решение, контролен надзор.

Со цел поедноставување на примената на Е-Инспектор, во рамки на проектот е предвидена изработка на Упатство за примена, интерактивни видеа со објаснување на сите функционалности на системот, а воедно во рамки на Годишната програма за генерички обуки за инспектори за 2024 година предвидена е посебна наставна програма за Е-Инспектор. Воедно на инспекторите ќе има се остави можност од шест месеци да го тестираат системот и да пријават одредена нефункционалност на истиот.

Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Државниот девизен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Инспекциски совет

На ден 05.06.2023 година, во просториите на Инспекцискиот совет, се одржа работна средба помеѓу директорот на Државениот пазарен инспекторат Горан Трајковски, директорот на Државниот девизен инспекторат Нурфет Карагоски, претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска и членот на Инспекциски совет од Област 1-Пазар, работни односи и безбедност и здравје при работа Игор Вељаноски.

На работната средба се потпиша Меморандум за соработка помеѓу помеѓу Државниот девизен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Инспекциски совет, чија цел е да се обезбеди стручна поддршка на Државниот девизен инспекторат во делот на спроведување на деветмесечната практична работа и обука на работно место, под надзор на ментор, за стекнување на лиценца за инспектор.

Според Меморандумот за соработка, деветмесечната практична работа и обука на работно место, под надзор на ментор за Државниот девизен инспекторат, ќе ја извршуваат ментори од Државниот пазарен инспекторат се до завршувањето на постапката на лиценцирање на соодветен број на државни девизни инспектори.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk