Инспекцискиот совет започна со реализацијата на првата интерактивна обука за кандидати за инспектори за 2022 година
Инспекцискиот совет започна со реализацијата на првата интерактивна обука за кандидати за инспектори за 2022 година во период од март до мај. 25 кандидати од 17 инспекциски служби, воведната сесија ја следеа во единицата за обуки во просториите на Инспекцискиот совет, поделени во две групи согласно протоколите за заштита од пандемија.
М-р Методија Димовски, член на Инспекциски совет од Областа на животната средина и заштита на здравјето на луѓето, во двочасовната воведната сесија им посака успешна обука на кандидатите за инспектори, притоа давајќи осврт на постапката за стекнување со лиценца за инспектор.