Инспекциски совет остварува посети низ целата држава – ИНФО денови


Претседателката на Инспекциски совет Даниела Рендевска заедно со членовите Влатко Серафимов,  Ресул Шемо, Меџит Јусуфи, Ќерамедин Селими и Благоја Гешовски во рамки на работната неделна агенда насловена како „ ИНФО денови со локалните инспекциски служби ” оствари средби со:

– Градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов , Градоначалникот на општина Богданци Блашко Шапов, Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, секретарот на општната и инспекторите, Градоначалникот на општина Боговиње Бесник Емшиу и инспекторите, Градоначалникот на општина Врапчиште Исен Шабани , секретарот на општината и инспектор, општина Гостивар и Брвеница која ја претставија Општинскиот секретар и инспекторите од општината.

На средбите со Општините се разменија искуства во однос на примената на Законот за инспекциски надзор,се разговараше за сите отворени прашања кои се дел од работната агенда со цел продолжување и унапредување на соработката меѓу државните и општинските инспектори.

 

 

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk