Проект на Европската банка за обнова и развој - Е-инспектор – продолжување на поддршката на инспекциските реформи во Северна Македонија


Почеток на проектот: Февруари 2022

Завршување на проектот: Декември 2023

Целта на проектот е целосна дигитализација и автоматизација на инспекциската постапка во државните инспекторати, за што е предвидено изработување на 13 нови модули за 13 инспекторати, што ќе помогне во насока на подобрување на транспарентноста при спроведување на инспекцискиот надзор, како и намалување на шансите за корупција при спроведување на надзорот. Овој проект е продолжување на Пилот проектот за автоматизација на инспекциската постапка на три инспекторати (ДУИ, ДПИ и ДИТ) склучен помеѓу МИОА и ИДЕАС ДЕПО, а финансиски поддржан од УСАИД.

Досега во рамки на проектот изработено е следното:

–              Гап Анализа за хостирање на Е – Инспектор,

–              Техничка спецификација за хостирање на Е – Инспектор,

–              Техничка спецификација и тендерска документација за автоматизација на инспекциската постапка за 13 инспекторати: Државен инспекторат за земјоделство, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Државен просветен инспекторат, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Државен инспекторат за транспорт, Државен комунален инспекторат, Државен инспекторат за животна средина, Државен инспекторат за шумарство и ловство, Државен инспекторат за локална самоуправа, Државен инспекторат за техничка инспекција, Државен девизен инспекторат, Инспекторат за употреба на јазиците и Агенција за храна и ветерина.

Во тек е постапката за избор на ИТ компанија која ќе го спроведе развивањето на 13-те нови модули за автоматизација на инспекциската постапка за 13-те инспекциски служби. Јавниот повик го спроведува ЕБРД.

 

Проектен координатор:

Оља Петрушевска Томева

Телефон: 078-350-800

Е-пошта: o.p.tomeva@is.gov.mk

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk