Животна средина и заштита на здравје на луѓето




м-р МЕТОДИЈА ДИМОВСКИ

m.dimovski@is.gov.mk

Член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето, од 3.8.2017 година.

Роден е на 16.7.1966 година во Скопје.

Магистрирал во 1994 година, на Универзитетот во Белград, Србија, во областа на географските науки (физичка географија).

Покрај мајчиниот македонски јазик, активно го користи англискиот јазик (CEFR ниво – Ц2), како и јазиците од поранешна Југославија. Поседува и основни познавања од францускиот и албанскиот јазик.

Целосно е компјутерски писмен, вклучувајќи користење на Windows™, MS Office™ (Microsoft Office Specialist for Word 2013) и други специјализирани програми.

Во повеќе од две – децениската професионална кариера, работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација на Република Македонија, во меѓународни организации и како независен консултант.

Присуствувал на бројни меѓународни и домашни конференции, конгреси, семинари и работилници во Европа, Северна Америка, Азија и Африка.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 (0)2 3121 077

Електронска адреса: contact@is.gov.mk